Топ Вести - Слушај сега
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја гледа Србија во 2035 година како членка на Европската Унија, со подобрен здравствен систем и со поинаков пристап кон образованието.
Говорејќи при претставувањето на националната стратегија „Србија 2030“, тој рече дека со децении се зборува за реформи, но често дискусиите за образованието се сведуваат само на зголемување на платите, наместо на наставните програми и децата. Според него, денес платите во Србија се највисоки во историјата.
Тој истакна дека животниот стандард е подобар од порано и дека граѓаните трошат многу повеќе пари во странство отколку во 2012 година.
Вучиќ рече дека Србија може да стане членка на Европската Унија до 2035 година, но дека за тоа се потребни побрзи реформи. Според него, ЕУ моментално нема доволен капацитет за големи стратегиски промени, па затоа Србија треба прагматично да се приближува – на пример преку заеднички пазар и правила на Шенген.
Претседателот предупреди дека светот влегува во период на големи конфликти и дека најважната цел на Србија во следните 10 години е да се зачуваат мирот и стабилноста. Тој смета дека ќе има нови глобални судири, особено на Блискиот Исток.
Вучиќ изјави дека демографијата е најголемиот проблем на Србија, нагласувајќи дека проблемот не е во парите, бидејќи во најбогатите делови на Белград се раѓаат најмалку деца.
За пронаталитетна политика државата ќе одвои околу 230 милиони евра, а ќе се донесе и закон за „родител-негувател“ за родители кои се грижат за деца со тешки здравствени проблеми.
Според проекциите, просечна плата во Србија во 2030 ќе изнесува околу 1.320 евра, во 2035: околу 1.700 евра. Просечна пензија во 2030 година ќе изнасува околу 750 евра.
Вучиќ нагласи дека Србија мора да развива вештачка интелигенција, па дури и специјални факултети за AI.
Исто така најави прва фабрика за сериозни дронови, фабрика за хуманоидни роботи и производство на 1.000 хуманоидни роботи и 10.000 роботски кучиња.
Вучиќ повтори дека Србија ќе ја задржи воената неутралност и ќе соработува и со НАТО и со други партнери.
Во врска со Косово, тој изјави дека разговорите се единствениот начин за решавање на проблемите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
