На 30-годишнината од, како што рече, ужасното злосторство во Сребреница, извршено од српските сили во Босна и Херцеговина во јули 1995 година, српскиот претседател Александар Вучиќ го повтори своето сочувство до семејствата на жртвите.
Вучиќ ја објави изјавата на својот X профил, каде што обично пишува на српски јазик, освен кога се обраќа на некого кој не може да го разбере – па дури и тогаш понекогаш на два јазика.
Сепак, овој пат тој одлучи да се осврне на прашањето на англиски јазик.
„Денес се одбележува 30-годишнината од ужасното злосторство во Сребреница. Не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината. Уште еднаш, во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на бошњачките жртви, убеден дека слично злосторство никогаш повеќе нема да се случи“, напиша Вучиќ.
Брнабиќ: Апсолутно не е геноцид
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, изјави дека геноцид врз Бошњаците „апсолутно“ не се случил во Сребреница во 1995 година, што, додаде таа, не значи дека тоа не било ужасно воено злосторство.
Брнабиќ изјави за телевизијата Информер дека злосторството од јули 1995 година во Сребреница „никогаш не требало да се случи“.
„Апсолутно не е геноцид, што не значи дека не е ужасно воено злосторство. Геноцид е она што им се случи на Србите во Независната Држава Хрватска за време на Втората светска војна“, рече претседателката на српскиот парламент.
Tagged as:
Вучиќ изрази сочувство на англиски јазик до семејствата на убиените во Сребреница
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
