Второто полуфинале на Евровизија 2025 се одржа синоќа во Базел, а за финалето беа избрани 10 земји.
Второто полуфинале на овогодинешната Евровизија 2025, кое се одржа синоќа во Базел, го следеше публиката од целиот свет од 21:00 часот, а по гласањето добивме десет финалисти.
Овие земји учеснички отидоа понатаму: Литванија, Израел, Ерменија, Данска, Австрија, Финска, Литванија, Малта, Луксембург, Грција.
Според сите прогнози, Шведска е голем фаворит за победа, бидејќи во моментот е на првото место. Земјата ја претставува групата KAJ со песната „Bara bada bastu“, што е посебна според тоа што бидејќи е првата шведска евровизиска песна на мајчин јазик во последните 27 години. Песната зборува за – сауна! Оваа неконвенционална тема ја освои публиката во Шведска, а песната стана рекордер по бројот на гласови на „Мелодифестивален“, натпреварот за Евровизија во земјата.
Инаку, Шведска е една од најуспешните земји во историјата на Евровизија – победила дури седум пати, и тоа во 1974, 1984, 1991, 1999, 2012, 2015 и 2023 година, а сè укажува на тоа дека и 2025 година би можела да биде нивна година.
Според моменталната состојба на обложувалниците, Шведска се наоѓа на првото место.
Tagged as:
а за финалето беа избрани 10 земји Второто полуфинале на Евровизија 2025 се одржа синоќа во Базел
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
