Во писмото, Хамнеи бара поддршка од Путин, изјави за Ројтерс висок извор.
Ги следиме сите случувања околу конфликтот Иран-Израел ТУКА.
Министерот за надворешни работи на Иран денес донесе писмо од врховниот лидер Али Хамнеи во Москва за да му биде предадено на Владимир Путин.
Во писмото, тој бара поддршка од Путин, изјави за Ројтерс висок извор.
Иран не е задоволен од досегашната поддршка од Русија и сака Путин да направи повеќе за да застане на негова страна против Израел и САД, соопштија ирански извори.
Тие не прецизираа каква помош очекува Техеран, објави Скај њуз.
Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН
Русија, долгогодишен сојузник на Техеран, има улога во нуклеарните преговори на Иран со Западот како постојана членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето и како потписничка на претходниот нуклеарен договор од кој Трамп се повлече за време на неговиот прв мандат во 2018 година.
Путин понуди да посредува меѓу САД и Иран.