Времето утре, в недела, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта, информира УХМР.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен), особено во источните и во јужните делови, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и со засилен северен ветар (над 70 километри на час).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветар.