Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, со појава на грмежи и засилен ветер. Локално ќе има краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, при што за кратко време може да наврне над 15 литри на квадратен метар.
Најстудено ќе биде во Берово и во Маврово, со температура од 2 степени, а најтопло во Гевгелија, со температура до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8 степени, а дневната ќе се искачи до 17.
Од понеделник продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.