Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 1 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.