Вредноста на еврото во однос на доларот продолжува да расте и денеска ја достигна највисоката вредност во последните 3 години.
Според податоците од берзата, еврото денеска во 10.10 часот се продаваше за 1,13556 долари, што е највисока вредност на европската валута од крајот на февруари 2022 година.
Се очекува на крајот на тековната трговска недела, еврото кумулативно да порасне за дури 3,5% во однос на американската валута, бидејќи бурните настани околу царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ги подгреаја стравувањата од рецесија и ја поткопаа довербата на инвеститорите во САД, пренесува Trading Economics.