Коалицијата Вреди соопшти дека ДУИ е разочарана бидејќи и пропадна планот да го поништи Законот за јазиците и со тоа да ја дестабилизираат државата.
„Планот на Али Ахмети и Бујар Османи, преку судии именувани од нив во Уставниот суд, да го загрозат албанскиот јазик во Македонија и да ја дестабилизираат земјата, пропадна пред да земе замав. Бујар Османи, како почетник во политиката и без кредибилитет, не успева да го сокрие своето разочарување.
ДУИ беше подготвена да го жртвува албанскиот јазик само за една ниска цел: Да се врати на власт по секоја цена“, се наведува во соопштението.
Вреди порачува дека албанскиот јазик не е предмет на преговори.
„Лагите завршија. Две децении, ДУИ правеше работи половично, за пред очи на јавноста, манипулирајќи со албанската кауза за лични и партиски зделки. Следните локални избори веќе не се само избори. Тие се РЕФЕРЕНДУМ за албанскиот јазик, за еднаквоста на Албанците во оваа држава и за конечно ставање печат на ДУИ како партија „нон грата“ и како „организација“ на тесни лични интереси“, соопшти коалицијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
