Background

ВОНРЕДНО ПОКАЧУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Е ГОЛЕМ ТОВАР ЗА БИЗНИСИТЕ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

За минималната плата да не се заобиколува Економско-социјалниот совет, а во дијалогот за економската состојба потребни се сите затоа што македонската економија може да функционира многу добро, порачува претседателот на Бизнис-конфедерацијата Миле Бошков.

- Advertisement -
Ad image

Бошков повторува дека за Бизнис-конфедерацијата е прифатливо зголемување на минималната плата во март со усогласувањето со законот и посочува дека секое друго покачување, без олеснети давачки за социјалните придонеси, ќе биде голем товар за стопанството.

–  Разговаравме неколку пати и со претставници на Владата но исто така и со нашите колеги и со синдикатите дека би се задржале на ставот дека усогласувањето на минималната плата во март е прифатливо за нас, тоа е дел од законот кој треба да се разбере и да се прифати, но за да можеме да ја покачиме повеќе, како што бараат синдикатите во интерес и на работодавачите и на граѓаните и на работниците, треба покачувањето од 6000 денари да биде ослободено од социјални придонеси и оптоварено само со персоналниот данок и тоа во сите сектори. Дополнителните барања и дополнителните 100 евра линеарно покачување на сите плати, со овие услови без олеснети давачки за социјалните придонеси би биле голем товар за стопанството, не само за микро, малите и самостојните вршители на дејност туку и за сите компании, бидејќи станува збор за голем товар кој не е само 6.000 денари односно со социјалните придонесот е оптоварен со уште 4.500 денари – вели Бошков.

Нашето економско општество и економијата, особено приватниот сектор, потенцира тој, не можат да си го дозволат тоа покачување.

– Категорично кажуваме бидејќи без оглед на позитивните показатели за зголемување на БДП, сепак станува збор за поделена економија на големи и мали, особено малите кои се 98% од економијата не можат драстично да прават исчекор во зголемување на и така големите трошоци за работење на компаниите – вели Бошков.

Тој дополнува дека за нивните барања од Владата се поставуваат со големо разбирање бидејќи, посочува, го знаат нивниот став во историјата на 25 годишниот социјален дијалог.

– Никогаш не сме изневериле никого и ја градиме довербата врз основа на посебната комуникација и искрените намери. Економијата во Македонија и особено да не ги споменувам малите, микро и средни фирми, навистина се соочуваат со потешкотии. Енормните профити се само замислена категорија бидејќи и од завршните сметки – податок што лесно е достапен преку Централниот регистар и секој може да го види, се гледа дека во многу мал процент македонските компании остваруваат профит и врз основа на тоа и го плаќаат данокот – вели Бошков.

Ова, дополнува, не се измислени фрази туку е категорија која треба да се разговара за да можеме сите да бидеме во добивка.

– Воопшто не станува збор за измислени фрази и состојби, туку македонската економија може многу добро да функционира и затоа е потребно постојано да се разговара во зависност од случувањата. Се случува сериозна геополитика, престројување на целата економија во светот и во Европа и ние треба отворено да разговараме на оваа тема. Каде ќе ги насочиме парите, каде ќе ги насочиме реформите,  дали ќе користиме наше раноградинарство, дали ќе користиме наши прехранбени продукти, наша енергија и енергенси. Тоа мора да го правиме за да можеме да бидеме сигурни. Да не увезуваме постојано надворешна инфлација, надворешен долг, надворешни енергенси и надворешна економија – рече Бошков.

Во однос на минималната плата, укажува, не би го заобиколил Економско-социјалниот совет, а за економската состојба потребни се сите бидејќи така учествуваат и во националната развојна стратегија и во различни стратегии.

-Треба да разговараат отворено, да ги објаснат состојбите, бидејќи исклучиво професионалците во одредени сектори и одредени политики ќе можат да ги кажат состојбите врз основа на искуството, врз основа на довербата и врз основа на нивното професионално знаење – вели Бошков.

Во Бизнис конфедерацијата преку здружени асоцијации членуваат околу 8 000 компании, најголемиот дел микро и мали.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation