Background

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет.

- Advertisement -
Ad image

Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во образложението истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет.

Претседателката Сиљановска – Давкова нагласи дека реформите во правосудството треба да ги предводат личности кои се препознатливи и докажани во својата област.

Сиљановска-Давкова посочи дека двете кандидатки не ги предложила затоа што се жени, туку пред сè поради нивната стручност и компетентност. Според неа, регрутирањето лица посветени на правото, стручни и компетентни во областа, ќе придонесе за воспоставување исти критериуми и при изборот на судиите, зголемување на нивната одговорност, како и за добивање аргументирани извештаи од Судскиот совет со конкретни предлози за надминување на проблемите во правосудството, што ќе значи исчекор во реформите.

Во рамки на денешната седница, пратениците во прво читање ги усвоија и предлозите на закони за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување, Законот за системот за проценка на лица со попреченост, како и Предлог-законот за задолжување на Македонија со заем од Банката за развој при Советот на Европа за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation