Топ Вести - Слушај сега
Најмалку 41 лице загина, а 40 се ранети при израелска воена операција извршена во текот на ноќта во Источен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. Нападите биле фокусирани на градот Наби Шит и околните села во областа Балбек-Хермел.
Според извештаите, израелски командоси извршиле воздушен десант со четири хеликоптери во обид да ги пронајдат останките на воениот пилот Рон Арад, исчезнат од 1986 година. Војниците упаднале во заседа поставена од борци на Хезболах и локални жители, по што израелската армија почнала масовно бомбардирање за да овозможи извлекување на своите сили.
Во меѓувреме, во блиското село Шместар во израелски воздушен удар загинаа шест лица, меѓу кои четири деца и една жена. Либанската новинска агенција ННА јави дека станува збор за цело семејство кое било убиено додека се обидувало со возило да побегне од зоната на борбените дејствија.
Tagged as:
Војници на Израел паднале во заседа на Хезболах
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
