Background

Војната со Иран веќе предизвикува сериозни нарушувања на енергетскиот пазар, што директно ќе се одрази врз џебот на патниците низ светот преку зголемување на цените на авионските билети

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

 Цената на суровата нафта нагло порасна по нападите на САД и Израел врз Иран, надминувајќи 100 долари за барел за првпат во речиси четири години.

- Advertisement -
Ad image

Извршниот директор на американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“, Скот Кирби, вели дека влијанието на горивото врз финансиските резултати ќе биде значително и веројатно ќе се почувствува брзо. Покрај економските последици, војната предизвика и огромни оперативни проблеми, при што од крајот на февруари се откажани речиси 50.000 летови во регионот.

Трошоците за керозин се втората најголема ставка за авиокомпаниите, веднаш по платите на вработените, и учествуваат со 20 до 30 проценти во вкупните расходи. Експертите објаснуваат дека историски гледано, компаниите брзо ги покачуваат цените на билетите кога горивото поскапува, па се очекува тие да растат пропорционално со трошоците.

Сепак, способноста на авиокомпаниите да ги префрлат овие трошоци на патниците ќе зависи од побарувачката. Доколку инфлацијата или невработеноста ги натераат граѓаните да ги скратат плановите за патување ова лето, компаниите ќе имаат ограничен простор за поскапување, без оглед на нивните трошоци. Од „Саутвест ерлајнс“ велат дека патниците често купуваат билети однапред, па компанијата не може секогаш навремено да воведе доплати за гориво за да ги покрие наглите поскапувања.

Високите цени на горивото може да доведат и до кратење на одредени линии кои биле профитабилни со поевтина нафта. Намалената понуда на седишта сама по себе е фактор што може дополнително да ги зголеми цените. Некои светски компании, како „Квантас ервејс“, веќе ги покачија цените на билетите, наведувајќи ги трошоците за гориво за време на војната како главна причина.

За да се заштитат од нестабилноста, дел од компаниите како германска „Луфтханза“ и ирски „Рајанер“ користат финансиски договори за да ги фиксираат цените на горивото однапред. Други, пак, се фокусираат на модернизација на флотата со поекономични авиони или користење на одржливо авионско гориво, кое во 2025 година претставува само мал дел од светската потрошувачка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation