Во Виена се одржа жрепката за двете полуфиналиња на „Евросонг 2026“, а Израел е меѓу 15-те земји-учеснички кои ќе се натпреваруваат за место во финалето, и покрај противењето и бојкотот на неколку земји.
Претставникот на Израел би требало да настапи во првото полуфинале на 12 мај, заедно со Грција, Белгија, Шведска, Хрватска и други. Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка се меѓу оние кои ќе настапат во второто полуфинале. Германија, Франција, Италија, Велика Британија и државата-домаќин Австрија автоматски се квалификуваат за финалето.
Новите правила за гласање даваат помала тежина на гласањето на јавноста во полуфиналето отколку во претходните години.
Полуфиналето повторно ќе користи приближно 50 – 50 поделба меѓу гласањето на жири-комисијата и публиката. Притоа, жирито ќе помогне да биде одлучено за 10 учесници во секоја од полуфиналните емисии кои ќе се пласираат во финалето. Секој гледач може да даде само до 10 гласови, во споредба со до 20-те максимални гласови претходно. Новите правила важат и за финалето.
Годинашниот 70. „Евровизиски натпревар“ во австриската престолнина со месеци беше во сенка на дебатата за учеството на Израел во контекст на неговата двегодишна воена кампања во Појасот Газа.
Шпанија, Ирска, Исланд, Холандија и Словенија соопштија дека ќе го бојкотираат овогодишното издание на музичкиот натпревар, во знак на протест.
Пријавите од вкупно 35 земји ќе бидат одредени наредниве недели.
Продажбата на приближно 90.000 влезници за цела недела на натпреварот, треба да почне денес (13 јануари) напладне (12 часот по Гринич).
Оваа година Виена ќе биде трет пат домаќин на „Евросонг“. Музичкиот натпревар ги имаше своите почетоци по Втората светска војна, а неговата цел беше да претставува културен натпревар и разбирање меѓу европските држави.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
