Во утринскиот напад во центарот на главниот град на Бугарија, две лица се избодени и пренесени во болниците Пирогов и Воената болница во Софија, соопштија од Итната медицинска помош.
Нема трета жртва која побарала болничко лекување, појаснуваат оттаму, откако првичните информации говорат дека е повредено уште едно лице, објави БНР.
За нападот е уапсена 22-годишна девојка. Според првичните информации таа имала психичка болест.