Во текот на ноќта избувнаа немири во атинската населба Ексархија, откако непознати лица фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон полициска станица во квартот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во текот на ноќта избувнаа немири во атинската населба Ексархија, откако непознати лица фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон полициска станица во квартот.

Запалени се неколку паркирани автомобили и мотоцикли. Интервентната полиција која пристигна на местото на инцидентот употреби солзавец за да ги растера учесниците во нападот.

Според грчката телевизија EPTNews, која се повикува на безбедносни извори, уапсени се повеќе од 70 лица. Брзата помош соопшти дека едно лице е полесно повредено.

 

 

Очевидци изјавиле дека нередите започнале по музички настан во парк во оваа населба. Околу полноќ, група од околу 50 лица ја напуштиле манифестацијата и започнала напад на блиската полициска станица. Насилството брзо се проширило и на соседните улици.

Новинарите од терен јавуваат дека до изутринава ситуацијата се смирила. Полицијата се сомнева дека немирите можеби биле протест поврзан со железничката несреќа од пред околу две години, во која загинаа 57 лица.

Во петокот беше извршен и бомбашки напад од страна на непознати лица врз седиштето на компанијата „Hellenic Train“, главниот железнички оператор во Грција. Во нападот нема повредени, а истрагата е сè уште во тек.

Семејствата на жртвите, како и дел од политичките партии, ја обвинуваат железничката компанија и конзервативната влада за занемарување на железничкиот систем.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article