Background

Во своите мемоари пишува и за животот со МС, носењето пелени и стравот од инвалидска количка

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во својата книга-мемоари „You With the Sad Eyes“ (Ти со тажни очи), американската актерка Кристина Аплгејт (54) се сеќава на своите подеми и падови од раниот живот во Холивуд и нејзината дијагноза за мултиплекс склероза (МС) во 2021 година.

- Advertisement -
Ad image

Во мемоарите вели дека била „лудо вљубена во Џони Деп со години“. Книгата содржи дневнички записи од целиот живот на актерката, вклучувајќи и еден од нејзините тинејџерски години, за Џони Деп.

– Во мојот плакар има заклучена кутија со сите мои дневници од 13-годишна возраст до времето кога престанав да сакам да пишувам – вели Аплгејт на почетокот од книгата. „Имате среќа – кутијата е отворена.“

Се испостави дека Џони Деп бил тема на многу од раните записи во дневникот на Аплгејт. На 15-годишна возраст таа „била лудо вљубена“ во Деп, пишува таа, сеќавајќи се како резервирала место како гостин во 1987 година во серијата на Деп „21 Jump Street“.

– Деп (62) беше дел од мојата група пријатели додека растев, група во која беше и мојот сè уште најдобар пријател, Сем Саркар – објаснува ѕвездата од „Dead to Me“.

Еден запис во дневникот на Еплгејт го вклучува следново: „Не можам да седам тука и да посакувам тој да е нешто што не е. Не можам да го сменам. Но, сепак, посакувам да можам да допрам со него.“

Во својата книга актерката ја открива и суровата реалност на животот со мултиплекс склероза (МС) – хронична автоимуна болест која ѝ беше дијагностицирана во јуни 2021 година, кога имаше 49 години.

Добитничката на „Еми“ признава дека болеста ѝ го променила животот од темел.

Мултиплекс склерозата го напаѓа миелинот – заштитната обвивка околу нервните влакна – предизвикува воспаленија и нарушување на сигналите меѓу мозокот и телото. Болеста може да напредува со години, со симптоми што се појавуваат и исчезнуваат, но со тек на време стануваат сè потешки.

Аплгејт опишува дека денес болката е далеку поинтензивна отколку на почетокот.

– Тогаш повеќе беше чувство дека немам сила. Сега често е неподнослива агонија – пишува таа.

Утрото за неа е вистински предизвик. Понекогаш не може ни раката да ја помрдне доволно за да го дофати телефонот или чашата вода покрај креветот. Нозете ѝ се вкочанети, а кога ќе ги спушти на подот, има чувство како да гази по игли – иако истовремено и не ги чувствува поради вкочанетоста.

– Колената ми се како да ми се врзани тули – тешки и болни – пишува таа, додавајќи дека кожата ѝ гори како да е изгорена. Дури и во „добар ден“, болката ѝ е на ниво осум од десет.

Заморот е постојан. „Како да сум три дена без сон, дури и по добра ноќ“, признава таа.

Првите знаци ги игнорирала – треперење на прстите, вкочанетост. По низа тестови, дијагнозата ја добила преку повик на Зум, кога лекарот ѝ покажал снимка од мозокот со 30 лезии.

Во тоа време ја снимала последната сезона од серијата Dead to Me. На почетокот се обидувала да издржи, но имало денови кога телото едноставно одбивало да соработува.

МС ѝ донела и понижувачки моменти за кои ретко кој зборува гласно – како носењето пелени за возрасни поради инконтиненција.

– Пелените се многу МС-шик. Барем сега прават и црни – се шегува таа во книгата, обидувајќи се со црн хумор да ја ублажи суровоста на секојдневието.

Таа дури се шегува дека би лансирала линија пелени со актерката Џејми-Лин Сиглер, ѕвездата од The Sopranos, која исто така боледува од МС. Натписот на секоја пелена би гласел: „F—K THIS“.

Еплгејт и Сиглер се домаќинки на подкастот MeSsy.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation