Во Србија од 4 јули треба да се зголемат патарините за околу 4,2% по изминат километар, соопшти тамошното Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура. Зголемувањето на износот на патарините треба да го одобри и српската влада.
Според пресметките на српслите медиуми, возачите со автомобил од петок за користње на автопатот од ганичкиот премин Прешево до Белград ќе плаќаат по 1.970 динари (15,85 евра) патардина, додека од Прешево до Суботица ќе треба да платат 2.815 динари ( 22, 64 евра) за патрина.
Износот на патарина зависи и од автопатот низ кој се вози. Така од Белград до Димитровград новата цена е 1.740 динари, Белград – Ниш 1.170 динари, Суботица – Димитровград 2.575 динари, Нови Сад – Ниш 1.490 динари и Ниш – Шид 1.690 динари
Возачите кои користат електронска наплата на патарина (TAG) сè уште можат да сметаат на одреден попуст, па затоа се препорачува да го користите, особено ако често патувате.
Сепак, важно е да знаете дека ако ја немате картичката што ја добивате при влегување на автопатот, или е оштетена или е стара повеќе од 24 часа, може да ви биде наплатена најдолгата дистанца од таа делница и дополнителните трошоци за итна постапка.
Tagged as:
2% по изминат километар Во Србија од 4 јули треба да се зголемат патарините за околу 4
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
