ВО СЛОВЕНИЈА ФАТЕН УБИЕЦОТ КОЈ ИЗРЕШЕТА ДВЕ СЕСТРИ И ПОБЕГНА ОД ХРВАТСКА

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Словенечката полиција денеска го уапси Јосип Оршуш (40), осомничен за стравичното убиство во Мурско Средишче, каде што во четврток навечер со огнено оружје тешко ја рани својата вонбрачна сопруга (29) и ја уби нејзината сестра (28). Помладата сестра им подлегна на повредите во болницата во Чаковец, а 29-годишната жена, која се бореше за живот, сега е надвор од животна опасност, пишува „Индекс“.

По бегството, автомобилот „опел астра“ на Оршуш бил пронајден во петокот во Словенија, поради што веднаш била алармирана тамошната, но и унгарската полиција. Полицијата во Мурска Собота започнала опсежна потрага, предупредувајќи ја јавноста дека 40-годишникот од Пишкоровец е опасен и веројатно вооружен. Потрагата завршила денес попладне.

– Осомничениот е уапсен и задржан во полициска станица. Бегалецот го препознал жител кој ги известил властите. Патролата дошла и го привела. Сè се случило во местото Черношовци – изјавил началникот на Полициската управа Мурска Собота, Бојан Роус, додавајќи дека бегалецот во моментот на апсењето носел оружје со себе.

Апсењето на Оршуш го потврдила и меѓимурската полиција, со напомена дека тој ќе биде предаден на хрватските власти врз основа на Европскиот налог за апсење. Началникот на Полициската станица Мурско Средишче, Милјенко Врбанец, открил дека при увидот било утврдено дека е користено оружје што граѓаните не смеат да го поседуваат.

– Можеме да кажеме дека станува збор за пушка, веројатно воено огнено оружје – изјавил Врбанец. Допрва треба да се утврди дали е тоа оружјето што го користел за убиството.

Началник потврдил дека семејството на жртвите добило засилена полициска заштита, бидејќи постоела бојазан дека и ним би можел да им нанесе зло.

Фотографии: Фејсбук

Семејството вели дека сè уште е во шок.

- Advertisement -
Ad image

– Многу сум потресена, немав поим дека има оружје кај себе. Не престанувам да плачам –раскажа една од сестрите на убиената и повредената жена, пренесува порталот „24 часа“.

Таа опишала и како, според раскажувањето на семејството, се одвивал крвавиот напад.

– Како што ми раскажаа моите, Јосип влегол во куќата. Кога сфатиле дека има оружје, мојата сестра – неговата партнерка – го турнала. Тој пукал кон неа, а другата сестра и татко ми успеале да избегаат од куќата. Тој трчал по нив и во дворот пукал во неа, а потоа побегнал во Словенија. Добро е што го уапсиле. Но мојата сестра никој повеќе нема да ми ја врати – потресено рекла.

- Advertisement -
Ad image

Додала дека не можела да ја посети ранетата сестра бидејќи е на интензивна нега.

– Кога разговараше со нас, Јосип се однесуваше нормално, но сега кога ќе погледнам наназад, тој е една вид психопат – рекла сестрата на жртвите.

Кумот на осомничениот го опишал и моментот на неговото бегство.

– Заминал со „опел астрата“, а јас ја повикав Брзата помош. Сè беше прекриено со крв. Ние сме кумови, практично живееме во исто двориште. Не можеме да поверуваме дека ова се случи – изјавил за „24 часа“.

Share This Article