Во сивата зона од економијата работат 100.619 работници

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во сивата зона од економијата работат 100.619 работници, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци во третиот квартал од годинава овој број се зголемил за 2,5% во однос на вториот квартал кога имало 112.400.

Најголем број неформално вработени лица, 48,8%, има во земјоделство и во градежништвото каде што се  17,7% од неформалните вработувања за кои не се плаќа персонален данок и придонеси.

Од 100.619 неформални вработувања во овој квартал 34.340 биле работници, 2.648 работодавачи, повеќе од 34.000 работеле за сопствена сметка, додека близу 29.000 лица работеле во семеен бизнис.

Вакви вработувања има и во трговијата, угостителството и транспортот , но и во преработувачката индустрија.

Според податоците на статистика во третиот квартал од годинава  бројот на активно население изнесува      796 930 лица. Од нив 705 165 се вработени, додека 91 765 лица се невработени.

Share This Article