Background

ВО САБОТА ЗАПОЧНУВА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WATER FESTIVAL

Денес на прес конференција беше најавено третото издание на Ohrid Water Festival, манифестација која ги обединува спортот и езерото. Градоначалникот Кирил Пецаков, претставувајќи ја програмата, истакна дека фестивалот со претходните две изданија   ги оправда очекувањата во однос на промоција на потенцијалите на Охридското Езеро и водените спортови во комбинација  со  културната програма.

 Годинава фестивалот започнува на 16-ти август на пладне со  Ревијалниот ватреполо турнир што ќе се одржи пред хотел Александрија, а попладнето на Старото пристаниште ќе се одржи Red Вull Педалинка. Наредниот ден на базенот „Атина Бојаџи“ ќе биде пливачкиот митинг. Од 18-ти до 21-ви август на плажата К’ј Дивоно ќе се организира Меѓународниот едриличарски тренинг камп, а на 22-ри и 23 ти август ќе се одржи Меѓународната едриличараска регата. За 24-ти  август се предвидени Спортскиот риболеовен Куп – Хранилка и АКВАЛОН. Наредниот ден  кај плажата Куба Либре ќе се одржи Меѓународната охридска веслачка регата , меѓународното штафетно нуркање за мир  и СУП јога на вода. На 26-ти август ќе се одржат СУП  33 километарскиот маратон со старт кај селата Радожда и Љубаништа, а кај градското пристаниште ќе биде настанот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“ по што ќе има и промоција на рекреативно нуркање за деца. На 27-ми август ќе биде  „Меч рејс Европскиот куп“ по што е предвидено Балканското Јуниорско првенство на отворени води. За наредниот ден се закажани СУП трките на малото пристаниште пред хотел „Палас“. На 29-ти август во Струга ќе се одржи Кајак регата. Годинешното издание завршува со Охридскиот пливачки маратон на 30-ти август кога познати пливачки имиња ќе ја препливаат патеката Св. Наум- Охрид – истакна Пецаков.

Претседателот на Организациониот одбор на фестивалот, Никола Вретоски,истакна дека годинава фестивалот нуди рекордна програма со над 20 спортски настани, кои ќе понудат натпреварувачки дух со многу адреналин и незборавни моменти. Вретоски посебно ја апострофира социјално-едукативната компонента на фестивалот со изложби, ,предавања и работилници, се во насока на подигнување на свеста за заштита на природата, водата и заедницата што ја споделуваме.

- Advertisement -
Ad image

 

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation