Background

Во пораст е плаќањето за пренос во живо на злоупотреба на деца

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Полицијата во Велика Британија секој месец приведува околу 1.000 осомничени педофили, а заканата од сексуална злоупотреба на деца е сè поголема, предупреди Националната агенција за криминал (НЦА).

- Advertisement -
Ad image

Според податоците на агенцијата, пред неколку години биле приведувани од 500 до 800 осомничени педофили месечно.

Директорот на НЦА, Роб Џонс наведе дека онлајн групите доведоа до тоа педофилите да го оправдуваат своето однесување, бидејќи алгоритмите ги поврзуваат со истомисленици.

Тој додаде дека децата сè повеќе се потпираат на интернет, а со тоа се изложени на уште поголем ризик, што е исклучително штетна ситуација.

– Сакаме општеството да се спротивстави на ова и сторителите да се соочат со своите постапки, што е сосема спротивно на она што се случува онлајн – истакна Џонс.

Во изминатите три години двојно се зголемиле материјалите што НЦА ги добила од американскиот Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца. Само за една недела во јануари, НЦА и британската полиција привеле 252 лица, од кои 118 се обвинети, а 35 се осудени. Во операцијата се заштитени 407 деца.

НЦА предупредува и дека е во пораст плаќањето за пренос во живо на злоупотреба на деца, а понекогаш тоа се плаќа само 20 фунти. Интернет садистичките групи злоупотребата ја претвораат во игра, а членовите на таквите групи се поттикнуваат едни со други да вршат што погнасни злосторства.

Шефицата на Националната единица за заштита на децата и истрага на злоупотреба, Беки Ригс изјави дека полицијата неуморно работи за да ги фати насилниците. Според неа, технолошките компании треба „итно да дејствуваат за да ги направат своите платформи непријателска средина за педофилите“.

Ригс упати апел до родителите, старателите и до наставниците да ги научат децата да ги препознаваат знаците на злоупотреба.

Предупредувањето од НЦА уследи откако британската влада најави сеопфатни мерки против технолошките компании насочени кон заштита на децата од нелегална содржина на интернет. Мерките ќе вклучуваат алатки за отстранување на „одвратна нелегална содржина создадена од вештачка интелигенција“ и би можеле да доведат до ограничувања на возраста на социјалните медиуми, по примерот на Австралија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation