Во Палатата на Република Српска во Бања Лука во тек е состанок за изработка на нов текст на Уставот на Република Српска, јавува српски Курир.
Според медиумот, Советот на народите на Република Српска ќе биде избришан од Уставот на Републиката, а главен град наместо Сараево треба да стане Бања Лука.
Сараево е главен град според член 9 од уставот, но Бања Лука во голема мера е административен центар.
– Сите норми кои се производ на наметнување од високи претставници ќе бидат отстранети од новиот највисок правен акт – изјави за РТРС премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ.
На средбата присуствуваат и претседателот на парламентот Ненад Стевандиќ, повеќе министри и лидери на партии. Стевандиќ рече дека од средбата ќе биде испратена јавна иницијатива која може да ја испратат претседателот на Република Српска(РС), премиерот или 30 пратеници.
Претседателот на РС Милорад Додик претходно изјави дека новиот Устав ќе ја пропише точната уставна позиција на Република Српска, наведувајќи дека се што е наметнато повеќе нема да биде можно.