Background

Во новиот документарец за актерот зборува и неговиот поранешен дилер

Контроверзниот актер Чарли Шин е спремен да ја каже целата вистина и ништо друго освен вистината.

Во новиот двоен документарец на платформата „Нетфликс“, кој излегува на 10 септември, режисерот Ендрју Рензи ја прикажува дивата животна приказна на актерот, раскажана преку гласовите на пријатели, членови на семејството и на колеги како Дениз Ричардс, Хајди Флајс, Џон Крајер, Шон Пен, Рамон Естевез, Брук Мулер, Крис Тaкер и неговиот поранешен дилер на дрога Марко, објави списанието „Пипл“.

Чарли Шин активно учествува во документарецот

Шин, кој има 59 години и е веќе 7 години трезен, е и активен учесник во документарецот, отворено зборувајќи не само за мрачните делови од својот живот, туку и за детството во Малибу и за животот како суперѕвезда во 1980-те и 1990-те, пред да стане постојана тема во таблоидите поради употреба на дрога и на бурен приватен живот.

- Advertisement -
Ad image

Според соопштението од Нетфликс, „најшокантните моменти од животот на Шин се оживуваат со сурова емоција и со исклучителна топлина, создавајќи портрет на несовршен човек, чии склоности кон самоуништување на крајот не можат да ја надвладеат жестоката љубов и простување што ги буди кај најблиските“.

„Чарли Шин е најлошото момче во Холивуд“

– Од сите лоши момчиња во историјата на Холивуд, Чарли Шин можеби е најлошиот од сите. Сега, речиси 8 години трезен, Чарли искрено пишува за секој детокс, ретокс, зделка со дрога и авантура на неговото тешко патување кон слободата. Горди сме што ја споделуваме неговата приказна – изјави потпретседателка и издавачка на „Галери букс“, Џенифер Бергстром.

Шин кажа дека конечно приказните за него ќе ги каже самиот тој.

– Моите приказни предолго се раскажуваа преку очите и пенкалата на други. Мислам дека ќе се согласите, време е конечно да ги прочитате овие приказни директно од вистинскиот човек – рече тој.

Чарли Шин ужива во своето татковство и во глумата

Во ексклузивно интервју за списанието „Пипл“ во 2023 година, Шин изјави дека „денес е посреќен од кога било, едноставно уживајќи во татковството и враќајќи се во актерскиот бизнис“. Тој нагласи дека неговиот живот сега е далеку од деновите кога пиел цел ден, пушел крек и уништувал врски едно по едно.

– Се гордеам со изборите што ги направив и со промените што ги воведов за да живеам живот кој никогаш повеќе нема да наликува на таа збрка. Тоа беше некоја вонземјанска верзија на мене – рече тој за своето поранешно однесување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation