Во недела, на 26 октомври 2025 година, завршува летното сметање на времето, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Точно во 03:00 часот по полноќ, стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, односно времето во 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Со ова, Македонија се враќа на зимското сметање на времето, што значи дека граѓаните ќе добијат еден час повеќе сон во ноќта меѓу сабота и недела.
Од Министерството потсетуваат дека оваа промена се спроведува секоја година, во согласност со одлуката на Владата, заради усогласување со европската регулатива за сметање на времето.
„Летното сметање на времето во 2025 година започна на 30 март, кога часовниците беа поместени еден час нанапред. Сега, на 26 октомври, времето повторно ќе се врати еден час наназад“, стои во соопштението на Министерството.
Одлуката, донесена на седница на Владата на 28 март 2025 година, е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68.
Летното и зимското сметање на времето се воведува со цел подобро искористување на дневната светлина и енергетска ефикасност, а ваквата пракса се применува во повеќето европски земји.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
