Во МНТ ќе се одржи маратон со претстави

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот народен театар информира дека закажаниот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето!, MADE in MNT“, во режија на Дејан Пројковски, кој требаше да се одржи во четврток, на 3 април 2025 година, по повод одбележувањето на 80-годишнината од постоењето на Театарот, се одложува за наесен.

Во чест на кревањето на црвената завеса и првата изговорена реплика пред 80 години, на 3 април 2025 година, во Македонскиот народен театар ќе се одржи маратон со следниот распоред: во 10 и во 12 часот ќе се одиграат двете изведби на детската претстава „Распеана турлитава“. Потоа од 18 часот следуваат „Бели ноќи“, „Мој термин“ од 19 часот и „Торонто експрес“ од 21:30 часот. Вратите за публиката ќе бидат отворени, односно билетите ќе бидат достапни гратис, а публиката ќе може да ги подигне на билетарницата на МНТ.

За изведбите на детската претстава, билетите ќе се подигаат на 2 април од 12 до 20 часот, а за вечерните изведби, на 3 април од 12 часот.

Во рамките на 80 години МНТ, на 5 април во 20 часот на малата сцена, публиката ќе ја гледа „Поетроника“ во новиот суптилен и културолошки значаен проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе што вешто ја спојува современата македонска поезија со електронската музика. Мултисензорно искуство каде што музиката, поезијата и боите од видеоартот, ќе раскажат сосема нова приказна, по вторпат во МНТ. Билетите ќе бидат бесплатни, и ќе се подигнуваат на денот на изведбата.

Share This Article