Во Лисабон е прогласена тридневна жалост

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 15 лица загинаа, а 18 се повредени откако познатиата историска жичница „Глорија“ во Лисабон излета од шините, пренесуваат странските агенции. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила околу 18 часот во близина на авенијата Либердаде, една од главните улици во португалската престолнина. Се верува дека 43 лица биле во возилото во тој момент. Сè уште не е познато дали загинатите биле португалски државјани или туристи.

Вкупно 59 спасувачи со 21 возило биле испратени на местото на несреќата, соопшти Цивилната заштита.

Од Јавното транспортно претпријатие „Карис“ од Лисабон за Си-ен-ен Португалија изјавиле дека нивните тимови се на терен и дека „сите ресурси се активирани“ за справување со последиците од несреќата.

– Приоритет е да се следи ситуацијата – изјави официјален извор, без да даде детали за можната причина за излетувањето на трамвајот од шините.

Градоначалникот Карлос Моеда изрази длабока тага поради несреќниот настан.

– Ова е трагедија. Лисабон е во жалост, ова е ситуација каква што никогаш порано не се случила во нашиот град – рече Моедас.

Канцеларијата на португалскиот претседател издаде соопштение во кое изразува „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.

Во тек е истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

- Advertisement -
Ad image

Португалскиот весник „Обсервадор“ објави дека има сомнежи оти еден кабел на трасата пукнал, поради што вагонот изгубил контрола и удрил во зграда.

Според очевидците ударот на вагонот во зградата бил многу силен.

Жичницата „Глорија“, е една од најпознатите знаменитости и туристички атракции во Лисабон. Оваа линија, долга 275 метри, го поврзува плоштадот „Рестаурадорес“ со живописниот кварт Баиро Алто за само три минути. Ја користат и локалното население и туристите.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article