Во јули годинава продедени се 460 гигават часови електрична енергија за задоволување на севкупната потрошувачка во државата, без загубите, покажуваат податоцитете на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО.
На пазарот на електрична енергија се реализирани трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават часови, во кои ЕСМ учествува со најголем процент од 38,8% или со 214 гигават часови, а потоа следуваат независните производители со 192, односно 34,9%, виртуелни производители со 121 или 22%, и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 24 гигават часови, односно 4,3%.
-Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето-потрошувачката изнесува 100%, посочуваат од МЕМО.