Во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор. Од нив 4 се активни, исто толку се под контрола и 27 се изјаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во селото Нивичино во општина Василево каде што готи нискостеблеста шума, кај селото Грешница, општина Македонски брод каде што готи мешана шума и ниска вегетација како и пожарите во општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани и во липковското село Виштица.
Според информацијата од ЦУК под контрола се пожарите во велешките села Џидимирци, Крушје и Ианковци, кај селото Николиќ во Дојран како и во Демир Хисар ладе што има пожар на градската депонија и во Македонски Брод кај селата Црешнево, Локвица и Крапа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
