Топ Вести - Слушај сега
Во италијанското одморалиште Сан Ремо денес, 24 февруари, почнува 76. издание на Фестивалот на италијанската песна кој ќе трае до сабота (28 февруари).
Сцената на фестивалот повторно е театарот „Аристон”, а водител и креативен директор втора година по ред е Карло Конти.Нему, во петте фестивалски вечери ќе му помага италијанската поп-дива Лаура Паусини.
На Конти и Паусини во водењето на фестивалот ќе им помагаат и познатиот турски глумец Џан Јаман (на првата фестивалска вечер), италијанската актерка Пилар Фољати, италијанскиот пејач Акиле Лауро и комичарот Лило (на втората фестивалска вечер), потоа руската супермоделка Ирина Шајк (на третата фестивалска вечер) и новинарката и водителка на вести на „РАИ уно“ (RAI Uno) – Џорџа Кардиналети (на последната вечер, во сабота).
Меѓу ѕвездените гости на Фестивалот оваа година се поп-уметниците Тицијано Феро, Ерос Рамацоти и Алиша Кис, како и моделот Бјанка Балти. На последната фестивалска вечер, специјален гостин ќе биде Андреа Бочели.
На втората фестивалска вечер, на сцената како гости ќе се појават и трите италијански олимписки шампионки од Милано и Кортина, Аријана Фонтана, Франческа Лолобриџида и Лиза Витоци.
Точно 30 изведувачи се натпреваруваат за главната награда на фестивалот. Победникот добива право да ја претставува Италија на овогодишниот музички натпревар „Евровизија“.
Меѓу претендентите за Главната награда на Сан Ремо, 8 жени ќе настапат самостојно: Дитонелапјага, Ариза, Елетра Ламборџини, Леванте, Серена Бранкале, Пати Право, Мара Сатеј и Малика Ајане.
Соло ќе настапат и вкупно 18 мажи: Кјело, Дарген Д’Амико, Еди Брок, Енрико Ниџоти, Ермал, Мета, Франческо Ренга, Фулминачи, Џеј Акс, Лео Гасман, Тредичи Пјетро, Томасо Парадизо, Саиф, Самурај Џеј, Сал да Винчи, Раф, Најт, Мишел Брави и Луке.
Оваа година, во натпреварувачката програма има и два еднократни дуети – оној на Федек и Марко Мацини, и раперите Л.Д.А. и АКА7вен.
Меѓу натпреварувачите е и постојаниот дует – тандемот Марија Антоанета и Коломбре. За разлика од другите години, има само една група и тоа е петчлениот рок-панк-состав „Бамболе ди Пеца“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
