Во Истанбул се одржаа трилатерални преговори меѓу делегациите на Украина, САД и Турција, објави Министерството за надворешни работи на Украина на Телеграм.
Во украинската делегација се вклучени шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, министерот за одбрана, Рустем Умеров, и министерот за надворешни работи, Андриј Сибега, јавуваат украинските медиуми.
Делегацијата на САД на трилатералниот состанок ја претставуваат државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Кит Келог и амбасадорот на САД во Турција, Том Барак.
Турција ја претставуваат шефот на Националната разузнавачка организација, Ибрахим Калин, и шефот на Министерството за надворешни работи, Хакан Фидан.
Во меѓувреме, се очекува во Истанбул да почне првиот директен состанок, во изминатите 3 години, помеѓу претставници на Русија и на Украина.