Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека синоќа, во 22:55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ бил пронајден починат осуденикот З.М. (33) од Куманово.
По пријавата, на местото биле повикани медицински лица кои ја констатирале смртта.
„По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Надлежните служби спроведуваат истрага за да ги утврдат околностите под кои настанал смртниот случај. Дополнителни информации се очекуваат по завршувањето на обдукцијата“, наведено е во полицискиот билтен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
