Фотографија од грчкиот остров Хиос, која покажува како грчките пожарникари спијат на асфалт, исцрпени од борбата со пожарот, стана вирална на социјалните мрежи, објави српскиот портал grckainfo.
Во Грција, според локалните власти, се активни повеќе од 100 пожари, десетици нови избувнале само во последните 24 часа. Најкритичните области се островите Хиос и Закинтос, околу Патрас и на Пелопонез.
Околу 5.000 пожарникари учествуваат во борбата со огнената стихија, а дополнителни тимови и опрема пристигна од неколку европски земји.
Временските прогнози не се поволни за пожарникарите. Температурите во Грција се очекува да бидат повисоки од 40 степени, а ќе дуваат и силни ветрови.