Background

Во четвртиот квартал кани недвижностите поскапеле за 25% на годишно ниво, а за 3,2% на месечно

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во четвртиот квартал кани недвижностите поскапеле за 25% на годишно ниво, а за 3,2% на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка.

- Advertisement -
Ad image

Во претходниот квартал, пак, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1% по растот од 19,5% во првиот и од 19,9% во вториот квартал.

Народната банка го објавува индексот на цени на недвижности врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на Скопје.

Андреа Серафимовски од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија за МИА изјави дека во 2025 година се  стабилизираа цените на градежните материјали годинава  и оти годинава очекува стабилизација на продажните цени на становите.

– Очекуваме поголема понуда и се надеваме дека 2026 година ќе биде година која ќе биде запаметена како година во која понудата ќе се израмни со побарувачката. Нашите очекувања се дека ќе се гради не помалку од 2025 година во регионите во кои имаше голема трансакциска активност во годината која измина, тука пред се би ги издвоил полошкиот, пелагонискиот но и скопскиот регион – рече Серафимовски.

Последните податоци од Државниот завод за статистика  објавени за октомври лани,  покажуваат дека  од 446  одобренија за градење, 289 (64,8%) се наменети за објекти од високоградба, како и дека е  предвидена изградба на 1.177  станови.

Податоците од  Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности  за третиот квартал од 2025 година, покажуваат дека најголема постигната цена на стан по квадратен метар е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 квадратен метар. Станот е на територијата на општина Центар, а за него се дадени 3.000 евра по квадратен метар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation