Топ Вести - Слушај сега
Во белградската населба Звездара, за време на прослава на Божиќ во семејниот дом, 16-годишниот Д.П. ги застрелал со огнено оружје своите баба и дедо, а потоа пукал и во себе, објавија српски медиуми.
Според првичните сознанија од истрагата, мотивот за ова крваво злосторство било недоразбирање околу пари. Малолетникот, наводно, барал сума од 18.000 евра, а откако бабата и дедото одбиле да му дадат пари, тој го извадил оружјето. Дедото З.П. (68) бил застрелан директно во главата и итно е префрлен на Воено-медицинската академија (ВМА) во животозагрозувачка состојба. Бабата С.П. (67) има прострелна рана во раката и е во стабилна состојба.
Според истрагата, откако пукал во бабата и дедото, тинејџерот, се обидел да се самоубие со пиштолот, нанесувајќи си повреди во стомакот и во главата. Пронајден е во локва крв и лекарите се борат и за неговиот живот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
