Топ Вести - Слушај сега
Судскиот процес за Артан Груби почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 отсто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7-годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму велат дека извршната власт во овој случај имала обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и МВР го направило тоа.
„Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат“, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Tagged as:
а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан Груби почнува
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
