Во изминатите години општина Кичево се соочува со сериозен застој, кој е директна последица на неспособното и корумпирано раководство.
Наместо прогрес и развој, Кичево константно уназадува, Кичево е заробено во криминал, корупција и скандали кои го разоруваат секој сегмент од живеењето во Кичево.
Граѓаните на Кичево заслужуваат отчетност, реални проекти и транспарентност, а не скандали, лични интереси и непотизам.
Време е за промени во Кичево, време е Кичево да се врати на патот на напредокот и чесното раководење.
Александар Јовановски е вистинскиот избор за општина Кичево.
Јовановски во својата програма за Кичево се обврзува на: изградба на енергетско-ефикасни фасади на сите згради постари од 25 години, за пониски трошоци и чист воздух во Кичево. Ревитализација на Китино Кале – втора фазa.
Изработка на основен проект и физибилити студија за јавно приватно партнерство за изградба на собирен центар за кабаст отпад и негово ставање во функција. Oтстранување на дивата депонија од градското јадро. Изработка на проект за изградба на стационар за бездомни кучиња и негова имплементација.
Изградба на спортска сала во ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ . Изградба на нови фекални канализациски и атмосферски канали во рамките на општината, особено во руралните средини од градот Кичево каде што има голем недостиг од фекални и атмосферски канали. Реконструкција на сите општински патишта во селата што се во рамките на Општина Кичево. Изведба на оптичка мрежа кон селата.
Јовановски има јасна цел и визија за Кичево, за развој и напредок. Затоа ги повикуваме граѓаните на Кичево на мобилизација, да излезат во што поголем број на 19 октомври и да го поддржат Александар Јовановски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Заокружи 9 за промени во Кичево, за развој и одговорно работење.
Заокружи 9 за твојот човек, за твоето место и твојата иднина.