Владејачката воена хунта во Мјанмар денеска прогласи еднонеделна жалост по силниот земјотрес што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а речиси 300 се водат како исчезнати, а речиси 4.000 беа повредени.
Минутата молчење ќе започне во 12:51 часот по локално време, точно кога се случи земјотресот во петокот, јавува Би-Би-Си.
Телата се натрупуваат на гробишта во Шангај, град во централниот дел на Мјанмар во епицентарот на земјотресот.
– Труповите зрачат со лош мирис од вчера. Денеса, миризбата веќе не може да се опише. Телата сè уште не можат да ги изнесат од градот, а спасувачките тимови не пристигнале – изјави за „Гардијан“ Аје Мо (20), жител на Шангај.
Неколку дена по силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот дел на Мјанмар.
Помош пристигнува во Мјанмар од целиот свет, вклучително и тимови од Русија, Кина и САД, но спасувачките групи предупредуваат на појава на болести, додека лошата инфраструктура и мноштвото граѓански конфликти сериозно ги попречуваат напорите за помош.
Бројот на жртвите во Тајланд е 20, додека се претпоставува дека околу 70 луѓе се заглавени под урнатините во Бангкок.
По извештаите за вибрации и пукнатини три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар и се почувствува во околните земји, во некои објекти во Бангкок е извршена превентивна евакуација на неколку згради, објавија денеска локалните медиуми.
Станува збор главно за административни и деловни згради.