Background

Владеачкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесе интерпелација за работата на 5-те члена на Судскиот совет кои се избрани од Собранието

Владеачкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесе интерпелација за работата на 5-те члена на Судскиот совет кои се избрани од Собранието, соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој потсети дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, гласаше против годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Собранието.Според Мицевски, тоа доволно говори и е една од многуте причини за интерпелацијата.

– Европската Унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во однос на независноста, транспарентноста и отчетноста. Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во правосудниот сектор и за напредокот на земјата кон членство во ЕУ. Решавањето на овие предизвици е неопходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото. Судскиот совет е клучна институција за функционирањето на правната држава и одржувањето на владеењето на правото во Република Македонија. Затоа, секоја сенка на сомнеж во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните – рече Мицевски.

- Advertisement -
Ad image

Нашата цел, додаде тој, е да дадеме придонес и да направиме се’ што е во рамките на нашите уставни и деловнички надлежности и можности, за да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем, кој што ќе значи и ќе донесе поголема правда за секој еден граѓанин.

– Оттука, сакаме да упатиме јасна порака дека е време да се воведе ред во руинираниот македонски правосуден систем, преку сериозни реформи и коренити промени кои ќе значат „почеток на крајот“ на сите досегашни злоупотреби, неправди, разочарувања и негативни пракси во судството во Македонија. Македонија мора конечно да добие вистински, ефикасен, независен и професионален правосуден систем, кој што ќе биде ослободен од неправди и корупција, но и од разни тесно-партиски, политички, криминогени, семејни и лични спреги и интереси кои го срозија и уништија правосудството во Македонија, без никаква доверба од граѓаните – рече Мицевски.

Тој побара поддршка од сите опозициски партии во Парламентот, како што рече, поради комплексноста и сериозноста на процесот.

Според Мицевски, ниското ниво на кое се наоѓаат Судскиот совет и правосудниот систем е поради СДСМ и сегашната опозиција.

– Ја изгубивме довербата на граѓаните во судството. Ние како Собрание сме добиле доверба од граѓаните и оттаму го преточуваме нивниот глас и започнуваме постапка за интерпелација – рече пратеникот.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж дека ако пратениците им изгласаат недоверба на членовите на Судскиот совет, тие ќе бидат доблесни и ќе се повлечат.

Пет члена на Судскиот совет се избираат од страна на Собранието, од редовите на истакнатите правници, а 8 члена се судии и нив ги избираат останатите судии на директни избори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation