Background

Владата тврди дека не се точни информациите за набавка на овошје и зеленчук

Владата денеска преку соопштение реагира на, како што се наведува, неточните информации за набавка на овошје и зеленчук.

Таквите дезинформации, како што наведуваат, се со цел да се креира лажна слика и да се манипулира вистината, иако изворот на такви дезинформации е добро запознаен со фактичката состојба.

„Времето на државна јагма како што постоеше за време на минатата власт, заврши. Не е точно дека набавката ја прави Владата, туку редовната набавка ја спроведува Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и е наменета за непречено функционирање на рестораните во сопственост на СОЗР. Оваа набавка се спроведува долги години по истиот принцип, како што е случај и со секој ресторан во државата, кој мора да располага со различни прехранбени продукти, иако некои од нив не секогаш се користат“, се вели во владиното соопштение.

- Advertisement -
Ad image

Од Владата нагласуваат дека производи како манго, аспарагус и слични специфични намирници никогаш не биле набавени или нарачани од страна на фирмата која ја добила јавната набавка.

„Доколку постои барање од одредена висока меѓународна делегација кое вклучува вакви продукти, само тогаш тие би биле набавени согласно потребите. Важно е да се напомни дека производите што се набавуваат се наплатуваат од крајните корисници. Или за споредба: во периодот од 01.01.2024 до 01.07.2024 година, кога Владата беше предводена од СДСМ, пријавениот промет во рестораните изнесуваше 73.257 MKD. Од 01.07.2024 до 31.12.2024, под раководство на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пријавениот промет достигна 1.263.582 MKD. Во 2024 година, јавната набавка за овие продукти заврши со аукциска постапка во износ од 2.625.000 MKD. За споредба, истата набавка во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изнесувала 2.190.045 MKD“, се вели во соопштението.

Економските показатели, како што наведуваат, ја потврдуваат намерата на владата да работи одговорно, транспарентно и без непродуктивни трошоци.

Оттаму напомнуваат дека и цените на услугите и јадењата на СОЗР беа поскапени со цел да нема привилегирани во поглед на користењето на истите услуги.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation