Владата размислува за нов сет на мерки за намалување на загадувањето пред почетокот на зимската грејна сезона

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата размислува за нов сет на мерки за намалување на загадувањето пред почетокот на зимската грејна сезона. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека на владина седница ќе биде разгледана иницијативата за поставување филтри на оџаците на домаќинствата и државните институции што се греат на фосилни горива.

– За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од градовите на тој начин е намалено загадувањето – изјави Мицкоски.

Покрај граѓаните, мерките ќе ги опфатат и околу 500 државни објекти, кои според Владата најчесто користат дрва како енергенс.

– Постои можност и таму да се инсталираат филтри. Очекувам повторно од ноември невладини организации да се активираат и да се борат за почист воздух, иако во изминативе седум години ги немаше. Оваа мерка би била вонредна, но мора да видиме како законски да ја реализираме, бидејќи сме во изборен период – додаде премиерот.

Најавените мерки се дел од напорите на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот, кој традиционално е најзагаден токму во зимските месеци.

Share This Article