Владата подготвува и мерки за младите да останат дома, вели Велковски

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

– Нема место за страв – пари за пензии има и ќе има и во иднина, и тоа зголемени – порача вечерва заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Гостувајќи на телевизија „Канал 5“, Велковски одговараше на прашања поврзани со иселувањето на младите и истакна дека економскиот сегмент е клучен фактор што најмногу влијае врз одлуката на едно семејство да остане или да замине од земјата. Тој нагласи дека Владата презема конкретни економски мерки, вклучувајќи намалување на инфлацијата, отворање нови работни места – особено во приватниот сектор со повисоки плати – како и пакет други мерки во здравството, образованието и системот на детски градинки.

– Преземаме сет мерки за да има мотив младите да останат и да не се иселуваат. Веќе има резултати. Имаме стратегија и за зголемување на наталитетот – изјави Велковски.

Во врска со проблемот со питачењето, особено кај децата, заменик-министерот откри дека постои план и конкретни чекори за негово решавање, кои вклучуваат работа и со семејствата и со самите деца.

Тој истакна и дека се решава проблемот со недостатокот на вработени во детските градинки. Криткувајќи го претходното работење, Велковски нагласи дека сега се постапува системски и се надминува проблемот со долгите листи на чекање при запишување деца во градинки. Притоа се инвестира во изградба на нови објекти и проширување на постојните капацитети.

Говорејќи за жалбите за работата во одделни центри за социјални работи, тој призна дека во минатото се констатирани недостатоци, но посочи дека инспекциите се засилени на терен за побрзо и поефикасно решавање на проблемите. Според него, во изминатите години имало сериозни затајувања на системот, но за една година е постигнато видливо придвижување.

Share This Article