Background

Владата на Гренланд ја отфрли амбицијата на Доналд Трамп да го преземе островот и побара од НАТО да ги зголеми напорите за да се обезбеди неговата одбрана

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Владата на Гренланд ја отфрли амбицијата на Доналд Трамп да го преземе островот и побара од НАТО да ги зголеми напорите за да се обезбеди неговата одбрана.

- Advertisement -
Ad image

„Сите членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, имаат заеднички интерес за одбраната на Гренланд. Како дел од данскиот комонвелт, Гренланд е членка на НАТО и затоа одбраната на Гренланд мора да биде под НАТО“, соопшти коалициската влада на островот, додавајќи дека во никој случај не може да прифати преземање на Гренланд од страна на САД.

Трамп вели дека САД мора да го поседуваат Гренланд за да спречат Русија или Кина да ја окупираат стратешки лоцираната територија која е и богата со минерали.

Еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус порача дека американско преземање на Гренланд ќе значи крај на НАТО, но и дека членките на ЕУ се обврзани да си помагаат едни на други во случај на воена агресија.

Тој рече дека членот 42.7 од договорот на ЕУ, клаузулата за меѓусебна помош на блокот, ќе ги обврзе членовите да дејствуваат во случај на напад.

– Ќе зависи многу од Данска, како ќе реагираат, каква ќе биде нивната позиција, но дефинитивно постои таква обврска на земјите-членки да побараат меѓусебна помош ако друга земја-членка се соочува со воена агресија – рече Кубилиус.

Членот 42.7 досега е активиран само еднаш, кога Франција побара помош по терористичкиот напад во Батаклан во 2015 година, но експертите се прашуваат дали Гренланд, кој е надвор од ЕУ, би се квалификувал за таква помош, без промена на правниот поредок на ЕУ.

Истоврмено, генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека организацијата работи на начини за зајакнување на безбедноста на Арктикот, пренесува Гардијан.

– Сите сојузници се согласуваат за важноста на безбедноста на Арктикот и Арктикот, бидејќи знаеме дека со отворањето на морските патишта постои ризик Русите и Кинезите да бидат поактивни – рече Руте за време на посетата на Хрватска.

Трамп првпат ја изнесе идејата за преземање на Гренланд во 2019 година за време на неговиот прв мандат и оваа реторика ја засили откако се врати во Белата куќа пред една година, при што сега не ја исклучува и воената опција.

– Ние сме демократско општество кое носи свои одлуки, а нашите постапки се засноваат на меѓународното право – изјави премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен.

Министерката за надворешни работи на Гренланд Вивијан Мотцфелд, и нејзиниот дански колега Ларс Леке Расмусен треба да се сретнат со американскиот државен секретар Марко Рубио во Вашингтон во среда.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation