Вкупно 1.783 или 2,6% од претпријатијата во деловниот сектор се странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вкупно 1.783 или 2,6% од претпријатијата во деловниот сектор се странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на 2023 година.

Овие претпријатија ангажираат 22,8% од вкупно вработените и создаваат 34,6% од вкупната бруто-додадена вредност.

Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите: „преработувачка индустрија“ со 37,7%, „информации и комуникации“ со 17% и „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ со 12,2%.

Најмногу вработени 51.398 има во компаниите од преработувачката индустрија, во трговијата 12.182 и во секторот информации и комуникации 10.060 вработени.

Странските филијали се контролирани, главно ( 90,6%), од европските земји,  земјите членки на ЕУ контролираат 57,5% од странските филијали, во кои се ангажирани 63,9% од вработените и учествуваат со 64,2% во додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 16,9%, Холандија 11,2%, Германија со 10,1%  и Обединетото Кралство со 9,1%.

Share This Article