Background

Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза, овозможувајќи им на граѓаните преку користење на своите мобилни апликации да ги извршуваат плаќањата во евра на лесен начин со внесување минимален сет податоци во платниот налог. Трошоците за пренос на паричните средства во евра ќе се намалат имајќи предвид дека во СЕПА првенствено се применува принципот на поделба на трошоците, односно плаќачот ги намирува трошоците кон сопствената банка, а примачот ги презема трошоците на својата банка. Во моментов, многу често во преносот на паричните средства се вклучени повеќе странски кореспондентни банки коишто наплатуваат дополнителни трошоци, поради што тие паѓаат на товар на плаќачот и ги зголемуваат вкупните трошоци на плаќањето. Во иднина, овие дополнителни трошоци за плаќањата во евра во СЕПА ќе бидат елиминирани“. Ова го посочи вицегувернерката Емилија Нацевска во интервју за „Банкарство“.

Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања. Вицегувернерката Нацевска истакна дека се работи на приспособување на подзаконската регулатива со што ќе се овозможи приливите од странство да се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден.

„Банките ќе ги приспособат своите информациски системи со цел да им овозможат на граѓаните и на компаниите олеснето електронско иницирање на прекуграничните плаќања во евра со користење на електронското и мобилното банкарство. Секако, банките ќе ги овозможат овие услуги и на шалтерите за клиентите кои го претпочитаат овој начин на извршување на плаќањата, иако сѐ повеќе се тежнее кон електронско извршување на плаќањата“, кажа Нацевска која истакна дека банките треба да ја прикажат својата правна, оперативна и техничка подготвеност во барањето за пристап до платните системи во СЕПА. Ова барање треба секоја банка да го поднесе засебно до Европскиот совет за плаќања, најдоцна до 22 август 2025 година.

- Advertisement -
Ad image

Вицегувернерката Нацевска нагласи дека доколку банката ги исполнува предвидените правни, технички и оперативни услови по оцена на Европскиот совет за плаќања ќе ѝ биде овозможено да извршува плаќања во евра во СЕПА почнувајќи од 5 октомври 2025 година, од кога граѓаните и компаниите ќе можат да ги почувствуваат погодностите од членството во СЕПА, односно побрзи, поедноставни и поевтини прекугранични плаќања во евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation