Вистинската драма се одвивала во синоќа во Австрија, кога пожарникарите морале да интервенираат за да ослободат тринаесетгодишно девојче кое се заглавило во машина за сушење алишта.
Од непознати причини, тинејџерката влегла во машината за сушење алишта – но не можела сама да излезе. Не е познато колку долго била заробена пред да пристигнат пожарникарите.
Екипите за итни случаи прво се обиделе да ја ослободат без употреба на алатки, но не успеале. Бидејќи состојбата на девојчето се влошувала, спасувачите морале да посегнат по хидраулична опрема за внимателно да ја расклопат машината и да создадат доволно простор за да ја извлечат.
По драматичната акција, која траела околу еден час, девојчето било стабилизирано и префрлено во болница.
Во спасувачката операција учествувале 18 пожарникари и четири возила, објави локалната противпожарна служба.