Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас внимателно ги сослуша нашите ставови и позиции

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас внимателно ги сослуша нашите ставови и позиции. Имаме неколку сценарија кои што ги понудивме и посветено работиме да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи, изјави заменик министерката во Министерството за европски прашања, Викторија Трајков.

Сепак, станува збор за двонасочна улица, не е само ние да покажеме иницијатива и да понудиме решенија, треба истото да го направи и другата страна, додаде таа.

Таа денеска одговори на новинарско прашање дали постои поголем оптимизам во врска со евроинтеграцијата по посетата на еврокомесарката Каја Калас и како ја коментира можноста за билатерална средба со бугарската страна на Самитот на НАТО во Хаг. Трајков рече дека ставовите на Бугарија досега беа тврди и децидни, но и ние нема да отстапиме од нашите ставови.

– Досега беа децидни и тврди во нивните ставови, не отстапуваме и ние, така што можеби ќе се најдеме некаде на средина. Она што е важно за нас како Влада е да инсистираме добрососедските односи и понатаму да се негуваат како што треба – рече Трајков.

Таа додаде дека ние не отстапуваме она што веќе е изјавено од страна на премиерот Кристијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

– Се радувам што госпоѓата Калас навистина внимателно нè сослуша во однос на тоа кои се нашите ставови и позиции. Имаме неколку сценарија кои што ги понудивме. Оставете малку време на времето. Мислам дека сме посветени во тоа да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи. Периодов ќе работиме на ова прашање посветено – рече Трајков.

Прашана дали очекува во Собранието да биде усвоен Извештајот на Европската Комисија, Трајков одговори дека посветено се работи на реформската агенда.

– Иако имаше транзиција на власта, сепак резултатите од реализацијата на реформската агенда покажуваат дека навистина ние посветено работиме на истата. Така што без разлика на сè, за Македонија се работи и немаме дилема во реализирање на сè она кое што сме го зацртале до 2027 година – додаде Трајков.

Share This Article