На ексклузивната вечера во Хајгроув, организирана од кралицата Камила и кралот Чарлс Трети, се собраа бројни познати личности кои се посветија на хуманитарна работа и промоција на одржливи проекти.
Вечерата беше посветена на хуманост, одржливост и уметност, а за гостите беше подготвен италијански оброк направен со органски состојки од кралските градини.
Меѓу најзабележителните гости беа Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија. Поранешниот фудбалер активно учествува во промоција на одржливи проекти, додека неговата сопруга Викторија, која се фокусира на етичко производство, разговараше со кралот Чарлс за еколошки материјали и важноста на одговорната модна индустрија.
Меѓу другите гости беа и актерката Хелен Мирен, која покажа големо воодушевување за проектите на Фондацијата на кралот, како и актерот и гастроном Стенли Тучи, кој зборуваше за важноста на споделување храна и поврзување на луѓето преку кулинарски традиции.
Но, кралот Чарлс го украде шоуто со своите разговори и коктели. Модната дизајнерка и поранешна членка на „Спајс грлс“, Викторија Бекам, имала интересен разговор со кралот, веројатно за органското производство на растенија и одгледувањето кокошки на неговата фарма. На крајот, кралот им покажал на гостите свои вештини за правење коктели, додека неговата сопруга Камила ги набљудувала сите со малку кисела насмевка.