Топ Вести - Слушај сега
Викендов осамна веста дека почина последниот крал на италијанската мода и последниот член на „светото тројство“ Версаче, Армани, и тој, Валентино Гаравани.
Нашата позната убавица со интернационална кариера како манекенка и модел, Катарина Ивановска, беше меѓу привилегираните што ги носеше неговите креации на пистите низ модните метрополи.
Да се биде дел од модната романтика на Валентино е вистинска чест! Ревиите и едиторијалите за Валентино кои ги имаше во екот на својата кариера, стојат во портфолиото на Катарина.
Од своите почетоци во Рим кон крајот на педесеттите години, Валентино остана постојана референца за убавина, моќ и софистицираност.
Неговото име е постојан синоним за романтика, луксуз и прецизност, а неговата етикета беше посакувана од принцези, филмски диви и сите жени кои ја гледаат модата како израз на сопствениот идентитет, како свое второ јас.
Еден од најдолговечните и највлијателни креатори, вечен љубител на убавината, верен на ерата и начинот на живот „долче вита“ до последниот час!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
