Background

Викендов ни следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Викендов ни следува значителен пораст на температурите и тоа особено утре (Недела 4 Јануари) а сето ова ќе биде проследено со засилен до повремено силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на јужно воздушно струење и на потопол воздух од југ, но и под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно со центар некаде над Италија.

- Advertisement -
Ad image

Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде променливо облачно а во западните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд а на високите планини (над 1700 / 1800 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег.

Во Скопје и околината викендов исто така времето ќе биде променливо со повремено засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината повремено ќе има услови за проврнување на слаб дожд.

Што се однесува до температурите како утринските така и дневните температури ќе бидат значително повисоки, наутро веќе тие особено од утре (Недела 4 Јануари) ќе бидат насекаде над нулата а максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. И во Скопје и околината утре (Недела 4 Јануари) температурата ќе надминува 10 степени преку ден.

meteoalarm

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation